Колева: Поддржани 410 компании, растат платите, паѓа невработеноста, рекорден износ од 750 милиони евра инвестиции

koleva
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,







Освен покачување на платите за работниците во сите сектори, со вистинските економски политики СДСМ создаде услови за развој на економијата и бизнис секторот, подеднакво за домашните и странските компании.

Силната поддршка на компаниите допринесе за раст на инвестициите, намалување на невработеноста и отворање на нови и добро платени работни места.

Затоа денес имаме 8% намалување на невработеноста и 9,5% зголемување на вработеноста во државата.

Минатата 2022 година СДСМ обезбеди највисока финансиска поддршка и тоа за најголем број компании во изминативе пет години.

Поддржани се 410 компании со 23 милиони евра, согласно Законот за финансиска поддршка на инвестиции.

Преку овој закон СДСМ обезбеди сет на мерки за финансиска поддршка за капитални инвестиции, поддршка за нови вработувања, поддршка за активности во истражување и развој, поддршка за проекти од значење економски интерес на државата.

Создадовме стабилна бизнис клима каде наместо страв од клуч на врата како во времето на ДПМНЕ, постои взаемна доверба и партнерски однос меѓу Владата и компаниите.

Со континуирана поддршка за компаниите врз основа на овој закон и во текот на оваа 2023 година очекуваме да се надмине бројката на поддржани компании од лани.

Минатата година имавме рекорден износ од 750 милиони евра директни странски инвестиции. А Северна Македонија не е веќе земја каде има евтина работна сила туку земја во која се почитува и вреднува трудот на работникот.

Бројката на вработени во технолошко-индустриските зони веќе надмина 17.000, во изминатите пет години бележиме 10.000 нови работни места.

Ги помогнавме компаниите, создавајќи конкурентни работни места, со плати над просечната. Овозможивме раст на минималната и просечната плата, со тоа и раст и на пензиите, што резултира со зголемување на животниот стандард на граѓаните.

СДСМ продолжува со економските политики кои значат поддршка за домашните компании, отворање нови и добро платени работни места.

Прес-конференција на Даниела Колева, пратеничка на СДСМ

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK