Каевски: ИО и ЦО на СДСМ ќе разговараат за продолжување на дијалогот со ВМРО-ДПМНЕ

kaevski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СДСМ во текот на денешниот ден ќе има седници на Извршниот и Централниот одбор на кои ќе се дискутира за начинот и текот на дискусијата со ВМРО-ДПМНЕ, изјави на денешната прес-конференција пратеникот и портпарол на партијата Дарко Каевски.







-Уште еднаш ќе потенцираме, добро е што Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се согласуваат за уставните измени затоа што со тоа ќе придонесеме заеднички да ја исполниме децениската аспирација на граѓаните и нешто што им должиме на граѓаните, а тоа е европскиот пат на државата, рече Каевски.

Разговорите очекува да продолжат во позитивен правец.

-Заеднички да се радуваме на сето она што претстои и што е потребно да се направи за европскиот пат на државата. Одложеното дејство на уставните измени за нас е прифатливо до одржувањето на втората меѓувладина седница, тоа го има и во преговарачката рамка, така што на вечерашната седница на ИО и ЦО на СДСМ ќе се дискутира и конкретно за начинот и продложување на дискусиите и разговорите со ВМРО-ДПМНЕ. Важно е во овој момент да покажеме дека можеме заеднички да продолжиме напред и важно е да го поддржиме европскиот пат на државата, затоа што тоа им го должиме на граѓаните, нагласи Каевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK