Бесими – Басани: СБ ја продолжува поддршката на развојните политики на земјата преку Стратегијата за партнерство

besimi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Реализацијата на проектите во земјата, што се дел од Стратегијата за партнерство на Северна Македонија со Светска банка за периодот 2019-2023, како и активностите што се одвиваат за продолжување и продлабочување на таа соработка, биле тема на разговор на денешната средба на министерот за финансии Фатмир Бесими со заменик-претседателката на Светска банка Антонела Басани и регионалниот заменик-претседател во ИФЦ Алфонсо Гарсиа Мора.







Од Министерството за финансии информираат дека инфраструктурните проекти, изградбата на локални патишта, модернизацијата на образованието и дигитализацијата се само дел од областите на кои е фокусирана Стратегијата. Значајна поддршка е посветена и на енергетскиот сектор, особено преку подобрување на енергетската ефикасност, поле кое и во индина ќе биде меѓу приоритетите, со цел да се надминат предизвиците што ги донесе енергетската криза, како и влијанието на климатските промени.

– Добро индентификување на приоритетите е најзачајно за успешна реализација на новата програма и посигнување на поставените цели. Приоритетите кои ќе бидат вградени во новата Стратегија треба да произлезат од она што е дефинирано како приоритет на Владата во националните стратешки документи, како и Програмата за економски раст, која содржи клучни реформи заеднички усвоени со Европската унија, а кои значат и побрзо приближување на земјата кон ЕУ, посочил Бесими.

Меѓу идентификуваните области на коишто би се засновала идната соработка се обезбедување одржлив развој на општините, подобрување на квалитетот на воздухот, дигитален развој и енергетска транзиција.

На средбата било потврдено дека политиките на Владата обезбедуваат одржливост на среден рок и дека таквите политики поддржани со значајни инвестициски проекти и спроведрување на реформите ќе доведат до забрзани стапки на економски раст.

Средбата на која присуствувала и гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, се одржала на маргините на Состанокот на Конституенцата на ММФ и СБ што се одржува во Тиват.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK