Алиу: Се планира законско решение за порталите и сите електронски комуникации

aliu
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Имаме работна група каде што се анализираат сите процеси врз основа на активностите што ги имаат граѓаните, но и учениците во нашата држава. Многу кратко ќе излеземе со анализи и со решенија врз основа на тоа. Исто така, сакам да информирам дека ние како држава, планираме да креираме и законско решение, каде ќе ги ставиме и порталите и сите електронски комуникации и трансформација на процесите во дигитална форма да имаат законско решение. Вака одговори денеска министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, на новинарско прашање дали имало средба со министерот за образование и што е утврдено околу користењето на социјалните мрежи.

На прашање дали станува збор само за Тик-ток, тој одговори дека се работи за сите социјални мрежи.


– Исто, времето поминато пред дигитални уреди ќе треба да се анализира. Знаете дека младите исто така и образовните институции мора да воведеме екстракурикуларни активности во коишто сите ученици, наставници и родители ќе бидат информирани за социјалните мрежи, дигиталните содржини и употреба на дигиталните уреди, подвлече министерот.

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го промовираа е-државјанство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK