Преку новиот, 9-ти апект антикризни мерки, вреден 622 милиони евра, обезбедуваме поддшрка за зголемување на платите на работниците во приватните компании, објави пратеничката од СДСМ, Даниела Колева.
Зборувајќи за мерката, таа објасни дека тоа ќе значи ослободување од придонесите за плати за рабодавачите.
„Отвораме можност да се зголемат платите на работниците во приватниот сектор од 3.000 до 9.000 денари. Работодавачот ќе плаќа само персонален данок, а има целосно ослободување од придонесите за пензиско и здравствено осигурување за делот на зголемувањето на платата. Оваа мерка можат да ја користат вработени кои примиле плата во висина до 1,5 просечни плати во последните три месеци. Што значи стимулираме зголемување на платите во приватниот сектор и тоа значилно. Периодот за којшто ќе важи оваа мерка е до 12 месеци и започнува да важи од почеток на наредната 2023 година“, рече Колева.
Понатаму додаде дека изборното ветување за 500 евра просечна плата, го исполниле предвреме, и со износ поголем од ветениот. Денес просечната плата, вели таа, изнесува 37.876 денари или 614 евра.
„Ова значи дека СДСМ успеа да ја покачи просечната плата за 250 евра во однос на 2016 година, кога изнесувала околу 360 евра. За 5 и пол години ја покачивме минималната плата двојно повеќе, од времето на ДПМНЕ и тоа за 10 години. Ако во времето на ДПМНЕ минималната плата беше 9.000 денари СДСМ обезбеди историски највисока минимална плата и денеска изнесува 20.175 денари. Со СДСМ работникот добива повеќе, со СДСМ има повеќе за сите“, додаде Колева.