Каевски: Виновникот што не ги отвораме пoглавјата со ЕУ има име и презиме: Мицкоски и ДПМНЕ

Каевски-Виновникот-што-не-ги-отвораме-пoглавјата-со-ЕУ-има.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Единствен кочничар на државата е анти-ЕУ и анти-НАТО коалиција на ДПМНЕ и Левица, изјави на прес-конференција, пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски.

Иако имаме успешен скрининг, рече тој, иако имаме силна поддршка во Унијата и отворени врати, поради активната блокада на Мицкоски и Апасиев во македонското Собрание не започна процесот на отворање поглавја.

„Виновникот има име и презиме: Мицкоски и ДПМНЕ. Мицкоски ги понижи македонските граѓани и македонскиот народ. Откако пропаднаа и сите лаги со кои што го плашеа македонскиот народ, дека некој ќе ни го смени идентитетот, дека ќе сме се асимилирале и бугаризирале. Сега на граѓаните им е кристално јасно: со ДПМНЕ и Левица нема Европска Унија, нема иднина. ДПМНЕ ја загуби идеолошката матрица и почна да забегува заедно со Левица. СДСМ се профилира како партија којашто единствена го брани националниот интерес на македонскиот народ да биде дел од големото европско семејство, признаен и почитуван“, рече Каевски.

Како што додаде, на претстојните избори поради блокадата, на ВМРО-ДПМНЕ и Левица им следува голема казна и пораз.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK