СДСМ: Изборот е хорор со Мицкоски и ДПМНЕ или европска иднина и поголеми плати со СДСМ

sdsm-sedishte-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мицкоски најавува хорор и влечење за коса. ДПМНЕ не може да донесе ништо добро за земјата ниту за граѓаните. Тоа е истата режимска партија во која ништо не се променило, велат во соопштение од СДСМ.


-Со Мицкоски и ДПМНЕ нема иднина, нема членство во ЕУ, туку враќање назад во изолација, неизвесност, криминал, корупција, поделби меѓу граѓаните, мали плати и пензии. Од друга страна се СДСМ и Ковачевски кои гарантираат безбедност, стабилност, демократија, слобода и европска иднина на сите граѓани со поголеми плати и пензии, со поголем живтен стандард, – велат од партијата.

Хорор и влечење за коса со Мицкоски и ДПМНЕ или европска иднина и поголеми плати со СДСМ е изборот што им се нуди на граѓаните пред претстојните избори. На 8-ми мај заедно со граѓаните ќе го поразиме целиот хорор на ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK