Расправата по Предлог-измените на Законот за градење на седница на Комисијата за европски прашања ќе продолжи утре во 12 часот

собрание
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Собраниската комисија за европски прашања расправата по Предлог-измените на Законот за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка, ќе ја продолжи утре во 12 часот.







Заменик-министер за транспорт и врски, Беким Реџепи, рече дека намерата е европските проекти да бидат што поефикасни во нивната реализација.

– Да не зборувам за важноста на овој проект за коридорите 8 и 10д. Коридорот 8 се поврзува со три други коридори, ние како граѓани на Република Македонија ќе имаме побрз пристап во Западна Европа, ова е тоа што ние сега го работиме. Мислам дека се согласувате со мене и дека немате ништо против да имаме побрз развој на патната инфраструктура. Овие се законите кои ги предлагаме за да се изградат овие коридори што побрзо и поефикасно, потенцираше Реџепи.

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска, пак од друга страна реплицираше дека според Деловникот нема усогласување со европското право коешто бара усогласување на европска регулатива.

– Во Деловникот вели дека усогласување на европското право треба да биде согласно европската регулатива и коресподентната табела да е полна, табелата е празна, ова не е усогласување со европското право, истакна Ласовска.

Станува збор за предлог измени на закони кои е дел од петте закони потребни за реализација на договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10д. За овој предлог-закон поднесени се 17амандмани од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK