Работната група за уставните измени треба да го усвои Деловникот за работа

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Работната група за уставните измени денеска на првата работна средба се очекува да го утврди Деловникот за работа и насоките за работа на уставните измени.







Конститутивна седница на работната група се одржа на 26 април, на која за претседател беше избрана Маргарита Цаца Николовска, поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, а за заменик претседател Бајрам Положани, поранешен судија во Уставниот суд и професор по уставно право. Работната група брои 23 члена, од кои 10 се експерти, 10 се претставници на политичките партии, а тројца доаѓаат од институции и тоа по еден претствник од МНР, СЕП и од кабинетот на претседателот.

Опозицијата одби да номира свои претставници. ВМРО-ДПМНЕ и покрај апелите да се вклучи во групата, опстојува на ставот дека нема да дадат поддршка на уставни измени.

Работното тело е формирано од Министерството за правда по налог од Владата, кое треба да ја подготви предлог иницијативата за потребата од уставни измени, за внесување на Бугарите, заедно со другите етнички заедници во преамбулата на Уставот. Предлог иницијативата потоа треба да биде доставено во Собранието, каде треба да ги помине сите работни тела во рамките на Парламентот. За да бидат донесени за уставните измени треба да гласаат две третини од пратениците.

Внесувањето на Бугарите во Уставот е услов за продолжувањето на преговорите со ЕУ и одржување на втората меѓувладина конференција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK