Стојкова Серафимовска: Власта сака по брза постапка и без дебата во Собранието да ги донесе законите за изградба на коридорите

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Велика Стојкова Серафимовска, пратеничка од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ реагира на деншената изјава на вицепремиерот Артан Груби за Договорот за изградба на коридорите 8 и 10 и за законите што треба да бидат донесени во Собранието.







– Нашата реакција е повторно во насока на одбрана на македонските граѓани од вакви катастрофални и вакви страшно високи пенали, што ќе треба да ги исплаќаат повторно граѓаните на Република Македонија. Притоа, Артан Груби и Димитар Ковачевски сакаат по брза постапка, без дебата во Собранието, повторно да донесат низа закони, кои се во спротивност со голем број правни начела и уставни одредби. Не може да биде европска вредност 60-часовна работна недела, која е спротивна на Устав, за која Уставен суд веќе има донесено одлука и истата е повторно спротивна на европските начела. Не може да биде европска вредност експресно доделување на дозвола за експлоатација на минерални суровини без строго предвидена постапка која опфаќа заштита на животната средина, археолошките локалитети, природни богатства и така натаму, изјави Стојкова Серафимовска.

Според неа, не може да биде европска вредност воспоставување на законски паралелизам.

– Носењето на законските измени по скратена постапка повторно под превезот на европско знаме е насилие и криминал, кој Груби и Ковачевски се обидуваат да го прават и во име на ЕУ, што е на целосна штета на евроинтеграцискиот процес на Република Македонија во ЕУ. Артан Груби треба да знае дека криминалот не е европска вредност, како што тој сака да го прикаже. И Артан Груби и Димитар Ковачевски го злоупотребуваат механизмот на гласање закони со европско знаменце за да крадат во име на ЕУ, што и штети и на државата и на нејзините граѓаните и на репутацијата која што треба да ја градиме во позитивна насока, а не во насока на криминал. Од претставништвото на ЕУ во Македонија веќе потенцираа дека ги следат случувањата со договорот со Бехтел и Енка и дека државата е должна да го почитува Договорот за стабилизација и асоцијација, што со други зборови значи овозможување на конкуренција и транспарентност на процесот. Воедно денес, Артан Груби уште еднаш призна дека тој и Ковачевски потпишале договор со кој е предвидено исплата на пенали од над 150 милиони евра, кои што се пари од буџетот на Република Македонија, односно средства од граѓаните на Република Македонија, но истиот тој Артан Груби не кажува дека обврската за исплата на истите е веќе реализирана, рече Стојкова Серафимовска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK