Митева: Дали молкот на Ковачевски значи дека прифатил Македонија да стане држава на два народи?

miteva
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со денови Димитар Ковачевски молчи и не демантира дали уставните измени опфаќаат бинационална држава?







Димитар Ковачевски кој не излегол на избори, и не влече легитимитет од гласење од страна на народот, туку од волјата на ДУИ, е заложник на нивните интереси. Ковачевски треба да одговори на јавноста дали Груби кажал, а тој прифатил Македонија да стане држава на два народи, односно бинационална држава? И дали за тоа требало да има посебна кампања во претстојниот период со која требало да се убеди јавноста, во таа идеја?

Според нашите информации кои ги објавивме во Комисијата за подготовка на уставни амандмани, се разговарало Македонија да биде бинационална држава, односно држава на два народи, неколку етнички заедници и малцинства. Ваквиот план на власта е поразувачки, наместо Македонија да се бори против надворешните барања, се соочува со нови услови и од дома.

Ковачевски да внимава што ветува, без разлика на наградите кои ги добива од ДУИ, без разлика колку и да мисли дека опстојувањето на власт му е најважно од се, тој мора да остане достоинствен. Само месеци не делат од изборите, и треба да знае дека по истите ќе следи одговорност.

По прес конференцијата портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева беше запрашана од страна на медиумите како ВМРО-ДПМНЕ го коментира најновиот извештај на „Фридом Хаус“ каде Македонија рангирана е во земјите каде владее хибриден режим.

„Најновиот извештај „Земји во транзиција 2023“ на „Фридом Хаус“ ја рангира Македонија во земјите со хибриден режим. Извештајот покажува дека Македонија со години тапка во место. Владата чии ветувања беа демократизација, ја смести Македонија во земји со хибриден режим“, истакна Митева.

Митева посочи дека оценката за владеење на владата е 3.5, како и независноста на медиумите. Корупцијата е оценета со 3.25, исто како и независноста на судството. Од една тројка никако Македонија да види повисока или подобра оцена, која ќе значи нејзин напредок, каков што заслужува.

„Ова се катастрофални рангирања во низа за Македонија, кои со оваа власт стануваат се полоши, со секое ново рангирање. Задоволувањето со просекот или стагнирањето е одлика на слаба и нефункционална влада. На Македонија и се неопходни промени и напредок, кој ќе резултира со подобрување на реномето на Македонија на сите релевантни светски извештаи, а ВМРО-ДПМНЕ на тоа се обврзува“, нагласи Митева.

Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK