Мицкоски: Кисела Вода добива европски лик, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ со работа ги демантираат обидите на власта да ги кочи

mickoski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Задоволство е да се присуствува секогаш кога нешто ново се создава. Овде во Кисела Вода континуирано гледаме прогрес, гледаме како нешто ново се создава и ја користам оваа прилика да му честитам на Орце, градоначалникот, да им честитам на советниците, администрацијата, пратениците во македонското Собрание за напорите кои ги вложуваат Кисела Вода да добие навистина еден европски лик.

Сето она кое со години, би рекол и децении било запоставувано сега гледаме оди напред, се асфалтира, се работи, улици се асфалтираат, пазари се отвораат, се започнува со градба, спортски игралишта, детски игралишта. Навистина имајќи ја предвид целокупната ситуација во државата и односот на владата на ДУИ поддржана од помалиот партнер СДСМ кон општините каде имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, имајќи го предвид нивниот насилнички однос, сепак храбриот и чесниот пристап на градоначалниците, мотивираноста, само дава одговор на сето она кое го прави централната власт кон нив, односно на тој начин ги демантира сите неуспешни обиди да ги кочи во нивниот развој, да ги кочи проектите, да не реализираат проектите во општините каде имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.


Затоа ја користам секоја прилика да им честитам бидејќи овие година и половина покажаа дека со ваква ненародна влада на ДУИ поддржана од помалиот партнер СДСМ сепак доколку се сака и доколку се има мотив може да се постигне и она, кое на почеток делува невозможно.

Уште еднаш му честитам на Орце, градоначалникот за она што го прави во Кисела Вода, на советниците, пратениците во македонскиот Парламент и само сакам така во иднина да продолжат мотивиран, храбро одлучно до целта. А целта е да ја ослободиме Македонија од оваа ненародна влада на ДУИ поддржана од помалиот партнер СДСМ.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK