Мицкоски: Ја повикувам канцеларијата на ЕУ и амбасадите на земјите членки да се произнесат, владата на ДУИ и СДСМ ги поднесе законските измени за коридорите со европско знаменце

vmro_45353543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на коментар за фактот што владата најави пуштање на законите за градба на коридорот 8 и 10 Д, со Европско знаменце истакна дека ситуацијата е променета и законите се веќе пристигнати во парламентот со европско знаменце и ја повика канцеларијата на европската комисија и амбасадите на земјите членки на ЕУ да се произнесат за она што денес го прави владата на ДУИ и СДСМ.

„Па ова вие сега што го спомнавте, добивме информација додека траеше состанокот со сојузот на стопански комори, дека состојбата е изменета, односно не дека имаат намера туку дека веќе законите се пристигнати во парламентот со европско знаменце и јас еве денеска нема да го коментирам ова, ќе оставам од страна на Европската комисија, односно од канцеларијата на Европската комисија тоа во текот на денешниот ден да биде искоментирано, доколку тоа не се случи тогаш од утре ќе отвориме јавна дебата и по тоа прашање затоа што верзиите кои што ги видовме во делот 5 кој што вообичаено се користи за објаснување со кои делови од европската регулатива се усогласува овој закон, замислете во овие предлози е празен. Значи празен е, не стои таму во што се усогласува. Така што, ако до пред неколку минути имавме состојба имаат намера, сега веќе еве сакам да ве информирам дека добивме информација дека веќе се пристигнати законите со европско знаменце во парламентот и ја повикувам канцеларијата на европската комисија во Македонија, ги повикувам амбасадите на земјите од ЕУ да се произнесат во текот на денешниот ден за ова што денес го направи владата на ДУИ и СДСМ“ , нагласи Мицкоски.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK