Левица: Одбиено барањето за автентично толкување на Законот за плата и другите надоместоци

levica
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Скопје, 17 јули 2023 

На денешната Законодавно правна комисија едногласно беше одбиено Барањето поднесено од пратениците од Левица за автентично толкување на Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица во Републиката со кое би се намалиле платите на функционерите.


„Членот 11 од Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица во Републиката е збунувачкиот член кој ги создаде сите недоумици после одлуката на Уставниот суд од месец март годинава, со која платите на функционерите се покачија за неверојатни 78%.

Цениме дека забуната е настаната со толкувањето на овој член, односно во ‘просечно исплатената месечна плата’. Имено, Министерството за финансии толкува дека тоа е БРУТО плата, додека ние мислиме дека граматичкото толкување треба да биде ‘просечната исплатена НЕТО плата по вработен’, бидејќи ако гледаме трудово-правно, исплаќањето на платата или платата која работникот ја носи дома е НЕТО платата, а не БРУТО платата.“

Како единствена политичка партија која потегна иницијатива за намалување на функционерските плати, сметаме дека е крајно лакомо и недозволиво во услови на растечка сиромаштија и зголемена класна раслоеност, функционерите да бидат привилегирани во однос на обичните граѓани.

Со одбивањето на оваа иницијатива на Левица, Власта повторно докажа дека работи исклучиво за својот личен интерес и дијаметрално спротивно на интересот на граѓаните, па така, функционерските плати остануваат зголемени за вртоглави 78%.

Сектор за медиуми и односи со јавноста на Политичка партија Левица

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK