МОН: Ново основно училиште во село Чифлик во Сопиште

mon
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Владата на последната седница даде позитивно мислење за основање на ново општинско основно училиште „Дитурија“ во село Чифлик, Општина Сопиште.







Како што соопштија од Министерството за образование и наука, училиштето ќе се основа со поделба од веќе постоечкото основно училиште „Драга Стојановска“ во село Ракотинци.

Во состав на новото училиште се планира да бидат и подрачните училишта во с. Св.Петка и с.Патишка Река, а наставата ќе се одвива во веќе постоечки објекти, кои ги исполнуваат стандардите предвидени за нормално функционирање на воспитно-образовниот процес.

-Во новото основно училиште „Дитурија“ во с.Чифлик ќе се реализира воспитно – образовна работа од прво до деветто одделение, а училишниот објект може да опфати околу 300 ученици. По 300 ученици можат да бидат опфатени и во објектите на ПОУ Патишка Река и ПОУ Св.Петка. Наставата ќе се изведува на албански наставен јазик, за што се обезбедени наставници за сите предмети од одделенска и предметна настава, наведуваат од Министерство за образование и наука.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK