Меморијален фудбалски турнир во чест на тројцата загинати припадници на МВР од Радовиш во конфликтот во 2001 година

spasovski_45345334
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Ништо не смее да заборавиме кому и што му должиме зашто тој долг не обврзува постојано и постојано да тежнееме и да бидеме подобри и подостојни луѓе, рече министерот Оливер Спасовски, оддавајќи почит кон загинатите херои Ерол Готак, Сашко Соколов, Коце Крстев, тројцата припадници на МВР од Радовиш кои загинаа во конфликтот во 2001 година.







Спасовски го отвори Меморијалниот фудбалски турнир посветен на споменот и незаборавот на овие припадници и притоа истакна дека традицијата е вредност, длабоко вткаена во човековото постоење.

-Вредност која што не зближува едни со други, која што ја дава онаа важна нитка на благородна почит што им помага на спомените да останат-бесмртни. Овој меморијален турнир ја има токму таквата возвишена цел: повторно да не собере, и сите заедно да се присетиме на ликот и делата на луѓето што некогаш беа со нас, се радуваa и тагуваа заедно со нас, кои храбро и достоинствено ги положија своите животи за нас, за татковината-нашите другари, соборци и колеги Ерол, Сашко и Коце, истакна министерот Спасовски.

Министерот Спасовски ја предводеше делегацијата на МВР, која положи цвеќе пред спомен обележјето на загинатите бранители Готак, Соколов и Крстев пред ОВР Радовиш.

Цвеќе положија и членови на семејствата на загинатите бранители, градоначалниците на Радовиш и Конче и претставници на полицијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK