– Државниот завод за статистика објави охрабрувачки податоци за нивото на инфлацијата во земјата, коe се спушти на 9,3% во јуни 2023 година, забележувајќи скоро 10 п.п. пад во однос на октомври 2022 година, кога изнесуваше 19,8%, напиша премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук.
-Ваквите податоци укажуваат дека мерките што ги презема Владата го даваат очекуваното и инфлацијата од октомври 2022 година се движи во континуитет во надолна линија. До крајот на годината очекуваме овој тренд да продолжи и да се одржи едноцифреното ниво на инфлацијата, а во наредната година да биде околу 2%.
Намалувањето на инфлацијата е позитивен фактор за севкупната македонска економија, нагласува Ковачевски.