Огромна дупка се отвори пред вилата на Николас Кејџ во Малибу, наредена евакуација


nikolas-kejdz-depositphotos_48700841_l.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Силно невреме на брегот на Лос Анџелес загрози неколку куќи во Малибу, меѓу кои и вилата на актерот Николас Кејџ. Во непосредна близина на неговиот дом се отворила голема дупка во земјата, поради што властите наредиле евакуација на погодените имоти.


Бурното море, високата плима и силните бранови предизвикале уривање на дел од брегот и пристапите до куќите покрај океанот. Вилата на Кејџ, вредна 10,5 милиони долари, е една од петте недвижности означени со црвена ознака, што значи дека престојот во нив во моментов е забранет поради безбедносен ризик.

Според „Page Six“, дупката што се отворила пред имотот на актерот е широка и долга околу девет метри и се наоѓа многу блиску до куќата.

Во инцидентот нема повредени, но поради опасноста од дополнително уривање, градот Малибу прогласил вонредна состојба. Екипите на терен се обидуваат да го обезбедат оштетениот дел од брегот пред новата плима.

Според „New York Post“, невремето што го погодило крајбрежјето на Лос Анџелес е поврзано со остатоците од ураганот Мари.

Кејџ ја купил вилата во Малибу во 2024 година за 10,5 милиони долари. Куќата има површина од околу 370 квадратни метри и се наоѓа непосредно покрај океанот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK