Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во Тетовско ја отворија трибината „Социјални политики против иселување и сиромаштија“

gradonacalnici_#@5234243
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите”, ВМРО-ДПМНЕ денеска во Тетово организираше  трибина на тема „Социјални политики против иселување и сиромаштија”. Во воведниот дел на трибината се обратија градоначалниците на Јегуновце и Брвеница, Димитар Костадиноски и Јовица Илиевски, како и Ангел Карапетров, координатор на советничката група во Советот на Општина Тетово.







Градоначалникот на Јегуновце, Костадиноски на трибината посочи дека со преземањето на функцијата за периодот од година и половина решено е водоснабдувањето како најгорлив проблем за населените места Жилче и Шемшево. Според него, иако има опструкции, се надминуваат проблемите.

-Во 21-век немаа основни проблеми а тоа е водата и за толку краток период го решивме тој проблем. Голем и важен проект за населеното место Жилче е приклучувањето на фекална канализација и поставување на колекторски систем. Со тоа што го отворивме јавното комунално претпријатие ОЈП Јегуновце почнавме да функционираме. Набавивме и возила, багер, камион, камионет и околу илјада канти за секое домаќинство. Можам да кажам дека Општина Јегуновце успешно и добро се справува, 97% од нашите сограѓани имаат добиено канти“, кажа Костадиновски. “, истакна Димитар Костадиновски.

Јовица Илиевски, градоначалникот на Брвеница истака дека сега општината нема веќе долгови.

-Долгото е сведен на нула. Се е расчистено. Повеќе инфраструктурни проекти се направени. Има уредување на плоштад кај црквата во Брвеница, а реконструиран е стадионот. Вратена во функција е спортската сала после пет години и дадена на училиштетот на управување.  Поставивме улично осветлување, финансираме 4 клубови, од наш општински буџет. Изградени или реконструинира се вкупно 5000 метри патишта, а има реконструкција и изведба на 4000 метри канализација. Набавени се школски автобус, два камионети и камион за отпад. Наместо печки на дрва во сите училишта сега се користат пелети, рече Илиевски.

Карапетров истакна дека како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово поддржале реализација на голем број инфраструктурни проекти. Сега тековно бараат вонредна седница за решавање на проблемот со кучињата скитници

-Ја завршивме улицата Страшо Пинџур, ја завршивме улицата Јане Сандански, улицата Димо Гавровски Кара. Го решивме водоснабдувањето во Фалише и Сараќино, во моментот мислам дека едната бушотина е пуштена и во Фалише и Сараќино пристигнуваат 15 литри во секунда вода, имаме уште една бушотина со 5 литри во секунда и мислам дека и таа ќе биде ставена во систем. Значи со 20 литри вода во секунда, чиста и здрава вода да имаат 8000 жители, додаде тој. вели Ангел Карапетров, координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во советот на општина Тетово во воведниот разговор на денешната трибина насловена „Социјални политики против иселување и сиромаштија“.

Советникот Ангел Карапетров рече дека како советничка група прават добри дела за сите граѓани без разлика на која етничка припадност припаѓаат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK