Самсунг донесува светски уметнички дела на Д Фрејм во соработка со Метрополитан музејот за уметност

Edgar Degas, The Rehearsal of the Ballet Onstage
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од Ван Гог до древниот Египет, корисниците на Самсунг Арт Стор можат да бираат меѓу 38 познати дела.

Самсунг Електроникс денес објави дека, во соработка со Метрополитен музејот за уметност во Њујорк, некои од најзначајните дела кои ги поседува овој музеј, ги донесува на Д Фрејм (The Frame). Селектираните скапоцени уметнички дела ќе бидат откриени денес на платформата Самсунг Арт Стор¹ која ќе им овозможува на корисниците на The Frame секој простор да го трансформираат прикажувајќи повеќе од 2300 уметнички дела, вклучително и дела од најзначајните уметници, музеи и креатори на вкусови во уметничката индустријата.


Корисниците на Самсунг Арт Стор платформата можат да бираат меѓу 38 дела од широкиот спектар на кураторски оддели кои се наоѓаат во Мет и ги вклучуваат американската, азиската, египетската уметност, европското сликарство, исламската уметност и други. Понудата опфаќа дигитални репродукции со висока резолуција на ценети уметнички дела настанати низ културите и вековите кои се сместени во Мет.

Избраните дела ги селектираше кураторката на Самсунг Art Store платформата Дарија Грин.

Во понудата се дигитални репродукции со висока резолуција на познати уметнички дела од различни култури и периоди. Избраните дела во моментов се изложени во Мет во Њујорк.

Корисниците на Самсунг Art Store платформата можат да ги прикажат омилените уметнички дела во својот дом, меѓу кои се Балетска проба на сцена на Едгар Дега (околу 1874), Сончогледи на Винсент Ван Гог (1887), Мртва природа со јаболки и саксија со јагорчевина на Пол Сезан (околу 1890) и Парада на Жорж Сера (1887-88).

Сопствениците на телевизори од линијата The Frame исто така можат да прикажат древни артефакти како што се египетската амајлија² со окото на Хорус (околу 1070-664 п.н.е) и средновековно богатство вклучително и Заробениот еднорог (1495-1505), познатата француска и јужнохоландска таписерија од серијата Лов на еднорог. Познати јапонски уметнички дела, како што се Под мостот на Манен во Фукагава на Кацшика Хокусај (околу 1830-32) и Концизна илустрирана биографија на монахот Ничирен: смирување на олујно море во Цунода во егзил на островот Судо на Утагава Кунијошиј (1835-36), исто така може да се прикажува на The Frame ТВ уредите. Во колекцијата се и неколку значајни американски уметнички дека како што се Џорџ Вашингот поминува преку реката Делавер на Емануел Лојце (1851).

„Мет од своето основање во 1870 година е посветен на воведување на уметности и култури од секојдневниот живот на посетителите и љубителители на уметноста во светот“, изјави Џош Ром, директор за глобално лиценцирање и партнерство во Мет. „Нашата соработка со компанијата Самсунг ја активира оваа мисија на нов и модерен начин и им овозможува на корисниците во својот дом да уживаат во познатите дела од колекцијата на Мет. Корисниците во рамки на оваа програма ја истражуваат колекцијата и бираат дела за прикажување, што ќе покрене нов дијалог за уметноста, креативноста и технологијата“.

Целта на Мет е преку своите колекции да ги претстави новите идеи и неочекувани врски низ времето и културата совршено се вклопува во соработката со Самсунг  Art Store платформата, една од најголемите дигитални платформи од овој вид. Со прикажувањето на уметноста од музејот и галиеријата низ светот  на корисниците на  The Frame ТВ уредите во 42 земји, Самсунг  Арт Стор платформата ја истражува уметноста низ, од старите мајстори како што се Ботичели,Леонардо, Гоја и Ван Гог до современи уметници како што е Шуник Смит и многу други низ разновидните месечни програми.

„Самсунг Арт Стор платформата има чест во соработка со Музејот за уметност Метрополитен да ги внесе светските познати уметнички дека во милиони домови ширум светот“, рече Санг Ким, извршниот потпретседател и генерален менаџер за услуги за Северна Америка во компанијата Самсун Електроникс. „Ние во Самсунг постојано работиме на редефинирање на искуствата на забава низ технолошки иновации и драго ни е што сме партнери на толку позната институција со цел на корисниците да им овозможиме по прв пат да уживаат во културното богатство на Мет преку модерното дигитално платно од удобноста на својот дом.“

 

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK