Зошто СДС не лобираше кај Шолц од нивната сестринска партија, да го извади бугарскиот премиер од состанокот додека се гласа за Македонија да почне преговори, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Од почетокот на преговорите со ЕУ на Украина и Молдавија видовме дека се се може ако се сака, ако ЕУ имаше интерес да почнеме преговори ќе најдеше начин да ја убеди Бугарија.
Почетокот на преговорите за Украина и Молдавија, е доказ дека причина зошто не сме почнале преговори со ЕУ, не е Бугарија, туку криминалот и корупцијата на власта.
Ако е Бугарија само проблем, таа ќе била решена, проблем е криминализираната власт, со која никој од ЕУ не сака да седи на маса“, се истакнува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Според опозициската партија, не запира да зачудува мазохизмот на СДС и ДУИ, кои и по сите добиени шамари и јасни сигнали дека во Македонија има епидемија од корупција, тие продолжуваат да спроведуваат штетни политики, наместо да понесат одговорност.
Оценуваат дека со СДС и ДУИ Македонија не може подобро. Потребна е, како што велат, нова влада која ќе се грижи за националните интереси и ќе се бори против криминалот и корупцијата.