СДС и ДУИ од Карпош прават тесно инфраструктурно грло, за „Пуцко Петрол“ да направи бизнис од 600 милиони, според ВМРО-ДПМНЕ

СДС-и-ДУИ-од-Карпош-прават-тесно-инфраструктурно-грло-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







СДС и ДУИ од Карпош прават тесно инфраструктурно грло, за „Пуцко Петрол“ да направи бизнис од 600 милиони, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Стевчо Јакимовски, додаваат од оваа партија е изведувач за СДС и ДУИ, тој неуморно се бори за бизнисот фирмата блиска до власта.

„Карпошани со СДС и ДУИ кои го држат Јакимовски добија бетонизација, наместо урбано и хумано живеење.

Една од најзелените населби во Скопје со СДС и ДУИ се претвора во бетонска џунгла.

Со ДУП-от кај Алумина ќе се отежни протокот на луѓе и возила, ќе се зголеми метежот, ќе нема доволно нови паркинг места“, оценуваат од партијата на Мицкоски.

Додаваат дека со планот на СДС и ДУИ туркан од Јакимовски Карпош би доживеал колапс, затоа ВМРО-ДПМНЕ го блокираше ДУП-от, кој е чист бизнис интерес на власта.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK