Засилени контроли на возачи на електрични тротинети – констатирани 965 прекршоци


mvr-trotinet-foto.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во периодот од 18.05.2026 до 31.07.2026 година, на целата територија на државата, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциски контроли насочени кон возачите на лесни електрични возила, односно електрични тротинети.


При спроведените контроли, констатирани се вкупно 965 прекршоци сторени од возачи на електрични тротинети, извести МВР.

„Најголем број, односно 519 прекршоци, се однесуваат на непрописно движење, односно возење по површини наменети за пешаци, наместо по велосипедска патека или лента, согласно член 103-а став 1 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Најголем број прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Битола – 443, потоа СВР Струмица – 112, СВР Скопје – 90, СВР Тетово – 86, СВР Велес – 73, СВР Охрид – 59, СВР Куманово – 45 и СВР Штип – 18. Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирани се дополнителни 39 прекршоци.

За констатираните прекршоци преземени се соодветни мерки и санкции согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на засилени сообраќајни контроли со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Апелираме до возачите на електрични тротинети доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да се движат на пропишаните површини и да не ја загрозуваат безбедноста на пешаците и останатите учесници во сообраќајот“, се наведува во соопштението на МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK