За запалениот автомобил на директорот на Идризово Обвинителството обезбедило снимки од видео-надзор од околните објекти

339983209_204787162300767_633202593584044563_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и вешти лица од Одделот за форензички истраги на МВР извршија увид во Кисела Вода каде во текот на ноќта беше опожарен службен автомобил во сопственост на КПУ „Идризово“ – Скопје, кој го користел директорот на установата.


„Прибрани се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење со цел да се утврдат причините за опожарувањето. Обезбедени се снимки од видео надзор на околните објекти и се преземаат други дејствија“, соопшти Обвинителството.

МВР извести дека ноќеска во 03.35 часот во полициската станица во Кисела Вода било пријавено дека изгорел службениот „пасат“ на директорот на затворот „Идризово“, Зоран Јовановски.

Во пожарот нема повредени, но огнот зафатил и фасада на зградата покај која бил паркиран, а изгореле и предмети на балконите на подолните катови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK