„Вреди“: Партијата од „Соравија“ и милионерите од Мала Речица не можат да го поднесат редот во Чаир


dui.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ДУИ повторно го пушти стариот филм на клевети бидејќи вистината премногу ги боли. Народот вели: каде што те боли забот, таму оди јазикот. На ДУИ им пречи Изет Меџити затоа што тој, заедно со народот, ги испрати во историјата и го скрши нивниот 20-годишен монопол на уцени, велат од „Вреди“.


„Нека запомнат добро: Изет Меџити не е производ на канцелариски сплетки и милувања од Али Ахмети. Тој го црпи својот легитимитет директно од гласот на Албанците, од теренот и од секое маало во Чаир, и низ државата. Додека Изет Меџити е помеѓу својов народ, работи на проекти и води национални политики, кликата на ДУИ – Бујар Османи, Блерим Беџети и Арбер Адеми сонуваат за враќање на хаосот во кој најдобро профитираа“.

Според нив, ДУИ е симбол на минатото, на Мијалков како „златен партнер“ и на Будимпешта како адреса за спас.

„Вреди“, додаваат од таму, е силата на промената која на 9 мај се обединува во една челична тврдина за да стави крај на политичкиот застарен модел на Ахмети.

„На 9 мај, одговорот ќе биде дефинитивен. Времето на неказнивост за „недопирливите“ слуги на Мијалков заврши3.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK