Волонтерскиот центар Скопје (ВЦС) денеска на „Школка“ во Градскиот парк во Скопје организира настан „Волонтирај!“ посветен на промовирање на духот на волонтерството и позитивното влијание врз заедницата.
– Со мноштво можности за учење, активности и забава, овој настан има за цел да ги инспирира поединците да ја прифатат радоста на волонтерството, велат од Волонтерскиот центар Скопје.
Настанот е дел од проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, поддржан од Европската Унија, а реализиран од Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со СОС Детско село Македонија, Волонтерски Центар Скопје и Здружението „Женски форум“ – Тетово.