Завршен настан за проектот „Соработка за дигитална демократија“

digitalna-demokratija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) денеска, на завршен настан, ќе ги соопшти резултатите од проектот „Соработка за дигитална демократија“ што го спроведуваше со Шведскиот катастар (Лантматериет).







АКН и Лантматериет во 2018 година добија финансиска поддршка од Шведската меѓународна развојна агенција за имплементација на проектот чија цел беше да придонесе и да влијае врз зајакнувањето на капацитетите во Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија, со развиени деловни практики, со овозможена размена на високо-квалитетни и ажурирани дигитални податоци, а преку нови и подобрени услуги во зајакната демократија, како придонес кон непречена ЕУ интеграција и подобрени услови за живот на сите жители на Северна Македонија.

Донацијата беше 23 710 406 шведски круни. Проектот се имплементираше во периодот 2019 – 2023 година, со пет компоненти: Воспоставување единствен, точен и одржлив систем на Адресен регистар; Воспоставување, развој и одржување на модерна геодетска инфраструктура; Одржлива организација на ИКТ-секторот во АКН; Национална инфраструктура на просторни податоци (НИПП) со ажурирани, точни и добро одржувани просторни податоци; Скенирани и дигитализирани архивски документи.

Поздравни обраќања, на почетокот на настанот ќе имаат амбасадорката на Шведска Ами Ларсон Јаин и генералниот директор на АКН Борис Тунџев.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK