Во очекување на томосот – една година од враќањето на МПЦ-ОА во канонско единство

mpc
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со одлука на Светиот синод на Вселенската патријаршија, возглавен патријархот г. г. Вартоломеј, на денешен ден пред една година беше отстранета повеќедецениската шизма наложена врз древнатa Охридска архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ.

Со тоа практично Вселенската пpатријаршија ја призна црковната јерархија предводена од архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и воспостави канонско и литургиско општење со неа.


– Светиот и свештен синод, под претседателство на неговата божествена сесветост, вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј, исцрпно дискутираше за црковниот проблем во Скопје и, оценувајќи го во конечна фаза апелациското прибегнување (еклитон) на тамошната Црква до Мајката Црква, како и повторените повици од државата на Северна Македонија, го одлучи следново: Ја прима во евхаристиско општење јерархијата, клирот и народот на оваа Црква под архиепископот г. Стефан, лекувајќи ја раната на расколот и излевајќи „вино и елеј“ врз раната на нашите тамошни, православни браќа. Кон ова се издава и соодветен Патријаршиски и синодален акт, беше наведено во одлуката на Синодот на Вселенската патријаршија.

Во одлуката на Фанар беше посочено и дека како име на нашата Црква го признава „Охридска, имајќи ја на ум како област на нејзина јурисдикција владението во границите на државата Северна Македонија“.

По исцрпна дебата и разговор, Светиот синод реши да го расчини од високата служба на архиереството бившиот Митрополит Клински Леонид, поради низа канонски престапи (упад во јурисдикцијата на

Вселенската патријаршија наведе и дека остава на „Црквата на Србија да ги уреди управните прашања што ги има помеѓу неа и Црквата во Северна Македонија, во рамките на светоканонскиот чин и црковното предание“.

Одлуката на Синодот на Вселенската патријаршија уследи откако по повеќедеценискиот спор со СПЦ и меѓународната изолација и непризнавање на МПЦ-ОА од православниот свет, во април 2018 година нашиот Синод едногласно испрати молба за апелација до Вселенската патријаршија, која единствена на сеправославно ниво има историски и канонски права и привилегии да прифаќа апелација и да доделува автокефалност. Молбата од Синодот на Охридската архиепископија веднаш беше земена предвид и според јавното соопштение од мај истата година Вселенската патријаршија, „Мајка Црква на сите православни одлучи да се заземе за ова (т.е. за решавање на канонското прашање на нашата Црква) и да ги преземе потребните чекори, според неприкосновените права на историските и канонски надлежности и привилегии на првопрестолната Вселенска патријаршија“. Оттогаш и државниот врв на земјава упати неколку писма и молби до вселенскиот патријарх Вартоломеј за уважување на молбата за апелација.

Одлуката за отстранување на шизмата, според црковните високодостојници и аналитичари, не значи томос за автокефалност, туку е израз на татковска љубов и грижа од страна на Вселенската патријаршија и претставува објава дека таа повеќе не е во шизма и раскол со севкупната православната Црква и нејзините свештенослужители можат да сослужуваат со свештенослужители од другите помесни православни цркви, додека за утврдување на конечниот статус се водат дополнителни преговори. Ваквиот потег на патријархот Вартоломеј и на Вселенската патријаршија беше оценет како историски настан, бидејќи со него конечно се исправи долгогодишната неправда нанесена врз нашата Црква и со признавањето на нејзината каноничност се стави крај на речиси седумдесетгодишната изолација на возобновената Охридска архиепископија.

И самиот вселенски патријарх Вартоломеј по објавувањето на одлуката, оцени дека таа претставува историски момент, бидејќи со неа заврши „шизмата која траеше речиси шест децении“ и започнува нов период во односите.
Според Вартоломеј, со апелациското прибегнување (еклитон) на нашата Црква кон Мајката црква, која според одлуката на четвртиот екуменски собор на Халкидон го има неотуѓивото право да одлучува за такви случаи на највисоко ниво, конечно е отстранета шизмата.

По отстранувањето на шизмата, на 16 мај минатата година Соборот на Српската православна црква одобри канонско единство со МПЦ – Охридска архиепископија, прифаќајќи го „општопризнатиот канонски статус на најширока можна автономија, односно целосна внатрешна независност на МПЦ доделен во 1959 година“, по што следуваше заедничка архијерејска литургија за воспоставување литургиско и канонско општење на МПЦ-ОА и СПЦ во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград со која сослужуваа српскиот патријарх Порфириј и архиепископот охридски и македонски Стефан.
Архиепископот Стефан тогаш оцени дека овој настан „е правда за Охрид – словенскиот Ерусалим“.

Српскиот патријарх Порфириј му врачи акт на поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г Стефан, со кој се потврдува одлуката на СПЦ, објавена на 24 мај по сосл

На втората заедничка литургија на двајцата поглавари, овој пат во Соборниот храм во Скопје на 24 мај, патријархот Порфириј упати благослов за автокефалност на МПЦ-ОА, по што архиепископот Стефан кажа дека „дочекавме да ја слушнеме одамна посакуваната и очекувана вест“.

По ова на, 6 јуни патријархот Порфириј на архиепископот Стефан во Белград му врачи акт со кој се потврдува одлуката на СПЦ да ја одобри и да упати благослов за автокефалност на МПЦ-ОА, најавувајќи дека документот ќе биде доставен и до другите православни црква. Во документот се наведува дека тоа е полна автокефалност и дека се однесува на матичната земја каде што делува МПЦ, како и на дијаспората. Архиепископот Стефан изрази надеж дека и останатите православни цркви ќе ја прифатат автокефалноста на МПЦ-ОА.

На 9 јуни лани делегација на МПЦ – Охридска архиепископија, предводена од неговото блаженство, архиепископот г.г. Стефан во Цариград официјално го прими од Вселеснката патријаршија Патријаршискиот и синодален акт за канонско единство. На роденденот на Црквата, Педесетница, во храмот на Вселенската патријаршија во Фанар беше одржана заедничка патријаршиска и синодална света литургија со вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј.

По одлуката на Вселенската патријаршија, во изминатата година повеќето од помесните сестрински православни цркви воспоставија канонско и евхаристиско општење со МПЦ-ОА.

Признавањето на каноничноста од страна на првопрестолната Мајка Црква, со кое се стави крај на речиси седумдесетгодишната изолација на возобновената Охридска Архиепископија во лицето на МПЦ, се очекува конечно да биде заокружено со издавање и на долгоочекуваниот томос за автокефалност од страна на Вселенската патријаршија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK