ВМРО-ДПМНЕ: Шамивче за лажните солзи на Ковачевски, неуспехот на Македонија последица на криминалот и неспособноста

Ковачевски-ја-поздрави-меѓународната-поддршка-која-ја-доби-МВР-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Го молиме наредниот пат кога ќе излезе Ковачевски на телевизија да си понесе шамивчиња да си ги забрише лажните солзи за тоа зошто нема преговори со ЕУ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.


„Во исто време кога се жали и тажи дека државава нема среќа, треба да знае дека не е до картите распределени за Македонија туку поради отсуството на работа, присутната неспособност и криминал како и отстапките кои државата ги направи без било каков напредок на патот кон ЕУ.

Кога Ковачевски се удира во гради дека Шолц кој доаѓа од германските социјалдемократи му е голем пријател тогаш зошто не го замоли да излезе Бугарија кога ќе се одлучува за Македонија во однос на почетокот на преговорите?“, прашуваат од опозициската партија.

Недозволиво е, додаваат, што оваа влада дозволи врз грбот на Македонија и нејзините граѓани да се прекршуваат двојните стандарди кои што ги има европската политика, а молкот кој што доаѓа од македонската влада е токму поради нивната сервилност која произлегува од тоа што нема да им се прогледа низ прст заради криминалот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK