ВМРО-ДПМНЕ: СДС се свесни дека колата им е тргната надолу па посегаат по фалсификати и лаги, за тоа ќе следи тужба

СДСМ-има-кандидати-кои-ќе-ги-победат-Мицкоски-во-единица.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СДС очајно се обидува да ја дефокусира јавноста со фабрикации на лажни скандали и со фалсификување на документи. СДС се свесни дека колата им е тргната надолу и огромно мнозинство од граѓаните се незадоволни од нивната власт, од криминалот и корупцијата на функционерите, од сиромаштијата и инфлацијата, од тонењето на економијата и животниот стандард, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.


„И сега виновни им се сите. И ВМРО-ДПМНЕ и националниот сервис и агенциите за испитување на јавното мислење и медиумите и народот. Можеби на СДС му се штелувани и анкетите на ИРИ и НДИ кои покажуваат дека СДС и Пендаровски сериозно губат од ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска Давкова?! На слабиот партиски рејтинг на СДС, мислењето на народот му смета“, се истакнува во соопштениетот од партијата на Мицкоски.

Јавноста, како што додаваат, памети дека СДС секогаш кога ќе им загусти посегаат по фалсификати и измислување на скандали.

„Од лажните бугарски летоци во деведесетите, па преку аферата Фабрика, па потоа со лагата за пасошите до оваа најновата денес манипулација за некакви документи кои кога ги креирале ги погрешиле имињата, погрешиле датуми и фалсификувале потписи.

Очигледно скапо платената црна кампања на Асаф Еисин им дала евтин фаличен фабрикат“, се додава во напишаното.

Додаваат дека за таквите груби лаги од СДС, ќе следи тужба за клевета и тужба за фалсификување на документи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK