ВМРО-ДПМНЕ: Додека Демири и Манолева прават роденденска журка во Министерството за здравство, граѓаните три недели чекаат за операции

слика-2-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Власта на СДС и ДУИ го донесе македонското здравство во колапс, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.


Три недели, како што велат, не се врши санација на хируршките сали.

„Три недели пациентите чекаат за хируршка интервенција, а надлежните не само што немаат решение, туку не ги интересира што човечки животи се во прашање.

Додека министерството за здравство се натега, министерот Илир Демири држи прес конференции и се препукува со директорот на Кардиохирургија, заменичката министерка Маја Манолева прославува роденден, граѓаните чекаат да се најде решение.

Пациентите чекаат и стравуваат за сопствените животи, а Демири и Манолева си прават роденденски журки во Министерството за здравство.

Власта во заминување го пробуши дното. Здравството во Македонија колабира“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Појансуваат дека за санирање на проблемот односно да се направи компресорот во хируршките сали потребни се околу 120.000 евра, но очигледно, како што додаваат, од ова немаат екстра заработувачка па не сакаат да го решат.

„Наместо хируршки интервенции да се вршат во Клиничкиот центар, граѓаните се препраќаат во други здравствени установи сами да се снаоѓаат, како знаат и како умеат.

Ова е скандал од невидени размери. Човечкиот живот нема цена.

Со ова власта во заминување уште еднаш докажа и покажа дека не им се важни проблемите на граѓаните.

Ветуваа европско здравство, ветуваа модернизација на здравство, а донесоа тотален хаос“, се истакнува во реакцијата од оваа партија.

Најавуваат дека за многу брзо од денеска ќе се случат сериозни реформи и проекти во здравството.

Според партијата на Мицкоски, здравствениот систем бара итен и целосен рестарт.

Граѓаните, како што велат, мора да се безбедни и сигурни дека ќе имаат добра и соодветна здравствена и медицинска услуга.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK