Владата денес ќе го разгледа законот за правична застапеност, клучно е да се вработува според знаење и квалитет, вели Минчев


minchev-vlada-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Законот за правична застапеност денес ќе биде разгледан на владина седница и проследен до Венецијанската комисија, по што ќе влезе во собраниска процедура, соопшти министерот за јавна администрација, Горан Минчев.


Одговарајќи на новинарско прашање, министерот рече дека станува збор за закон којшто патем е уставна категорија произлезена од Охридскиот рамковен договор и подготвен од група на експерти во Владата. Детателите во содржината ќе бидат познати по  усвојувањето на владина седница, a Mинчев вели клучно во содржината е вработувањата да бидат врз база на компетентност, знаење, квалитет и  професионалност, бидејќи тоа е она што и’ е потребно на јавната администрација.

Министерот потсети дека балансерот е укинат од Уставниот суд,  и поради тоа, како што рече, мотовот бил новиот закон да го подготви група на уставни експерти, за да не се соочиме повторно со евентуално укинување на некои членови или одредби.  Соопшти и дека делот на правична застапеност ќе биде донесен со подзаконски акти, но по претходни забелешки од Венецијанската комисија, што значи во следната фаза.

Министерот денес присуствуваше на настан по повод одбележување на Меѓународниот ден на јавните службеници и јавната служба, што се случува за првпат во нашата држава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK