Викендов нуркачи ќе го чистат дното на Охридското езеро


ohridsko-ezero-meteo.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во организација на Нуркачкиот центар Амфора од Охрид оваа сабота ќе се изведе подводна еколошка акција за чистење на дното на Охридското езеро од цврст отпад.


Во акцијата ќе бидат вклучени околу 100 нуркачи на Амфора и нуркачи од домашните и балканските нуркачки клубови.

Акцијата ќе започне на Градското пристаниште – Охрид во 11:00 часот.

„Оваа година нуркаме речиси на целото езеро. Членови на Нуркачкиот центар АМФОРА, нуркачи од македонските и балканските нуркачки клубови по четврт пат ја започнуваaт големата акција за отстранување на цврст отпад од дното на Охридското Езеро. Датум: 10.05.2025. Локации: Градско пристаниште, Љубаништа, Залив на коските, Камп Градиште, Калишта. Акција: Отстранување на пластика, метал и друг отпад од езерското дно“, пишува на профилот на „Фејсбук“ на Амфора.

Како што велат од таму, целта на акцијата е заштита на биодиверзитетот, подигнување на свеста и зачувување на природната убавина на eзерото.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK