(Видео) Ветрот го разгоре пожарот кај Бељаковце; Aнгелов: гори еден крак, ќе се обидеме да го изгаснеме од земја

Видео-Ветрот-го-разгоре-пожарот-кај-Бељаковце-Aнгелов-гори-еден.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Пожарот во Старо Нагоричане е активен во атарот на селото Бељаковце и под дејство на ветрот се разгорува, објави директорот Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, кој се наоѓа на местото.

Ангелов по неколкучасовната борба со огнот рече дека еден крак од пожарот не успеале да го спасат, и покрај упорното дејство на полицискиот хеликоптер којшто пред малку се повлече затоа што веќе настапува ноќта.

Најави дека пожарникарите остануваат на терен и во следните часови ќе се обидат да го изгаснат, за да не се прошири.

„Не сум голем оптимист бидејќи гори шума, горат грмушки и трева, тешко е и ризично гаснењето на вакви пожари, особено ако се земе во предвид и ветрот којшто повремено се појавува и го менува својот правец“, вели Ангелов.

Претседателот на месната заедница од селото Бељаковце, Томе Стојановски, изјави дека во текот на денот биле спасени две куќи во кои живеат луѓе.

„Ангелов дојде на лице место и гасеше заедно со мештаните. Ни помогна, ги упати двата авиони со вода. Спасивме две куќи, изгоре мало амбарче. Во куќите живеат луѓе“, рече Стојановски.

Два активни пожари има и кај Ваксинце. Едниот е сериозен – гори поголема површина со трева.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK