Пожарот кај Ваксинце се движи кон склад за течно гориво

Пожарот-кај-Ваксинце-се-движи-кон-склад-за-течно-гориво.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Повторно е реактивиран пожарот кој се гасеше во раните утрински часови во село Ваксинце, Општина Липково, кај Месноста Врело, каде што се стационирани укопаните резервоари за течно гориво на А.Д. Макпетрол.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов рече дека овој дел беше гаснет пред десетина дена, но денес во два наврати бил запален.

„Денес во раните утрински часови повторно таму каде што беше пресечен претходно со гаснење повторно беше запален, брзо и професионално од страна на ТППЕ Куманиво дејствувано и изгасено до 12:00 часот. За чудо во 18.30 часот по трет пат запалено и во овој момент правецот на пожарот се движи кон Складот за течно гориво Врело на Мак Петрол“, рече Ангелов.

Екипите на ТППЕ Куманово се повторно на терен во селото Ваксинце и храбро се борат за да спречат загрозување на објекти, живот и здравје на граѓаните на селото Ваксинце, додаде директорот на ЦУК.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK