(Видео) Советниците на СДСМ во Карпош против висококатници во Тафталиџе

Видео-Советниците-на-СДСМ-во-Карпош-против-висококатници-во-Тафталиџе.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Советничката група на СДСМ не поддржува проекти со огромни висококаници да никнат во Тафталиџе.


Влатко Бислимовски, советник на СДСМ во Советот на Општина Карпош рече дека тоа нема да го дозволат.

„Ова место во Карпош е главниот проток на воздух во градот и така треба да остане. Секако дека на Општина Карпош и се потребни инвестиции, меѓутоа на соодветно место и со соодветна инфраструктура. Најостро ги демантираме изјавите на советничките групи на ДПМНЕ и ЛЕВИЦА кои заедно континуирано ја опструираат работата на советот и општината, во спротива на интересите на граѓаните. Опструкциите на ДПМНЕ со 4.000 амандмани за носење на буџетот не е бојкот за носење на било кој ДУП, ниту пак доказ за работа и посветеност, туку конкретна опструкција на работата на Советот и Општината“, рече Бислимовски.

Како што додаде, 4.000 амандмани во кои на пола е сменета само една бројка се доказ за деструкција и бојкот на советот за тотална нефункционалност на општината.

„Ние како советници сме должни да работиме само и само во интерес на граѓаните, без никакви драми, одолжувања и бојкоти“, додаде тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK