(Видео) Пендаровски: Мојата животна визија е Македонија да биде земја без внатрешни поделби, земја на соживот

pendarovski3.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Изборниот караван на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски денеска е во неколку скопски општини. Пред граѓаните на Илинден и на Петровец, Пендаровски истакна дека неговата животна визија е Македонија да биде земја без внатрешни поделби, земја на соживот, држава во која се живее пристојно.


Затоа, како што посочи тој, немаме повеќе време за губење и мора да го продолжиме патот кој досега го трасиравме.

„Нема план Б. Ако не го смениме Уставот, нема да ги продолжиме преговорите со ЕУ. 25 години се занимавам со меѓународна политика и знам дека не може поинаку. Но тие упорно велат дека одново ќе ги преговараат сите договори”, рече Пендаровски и додаде дека најмногу го плаши фактот дека граѓаните бргу заборавија како владееше Груевски.

„Ве молам да се потсетите како беше во нивно време. Изолација, искарани со сите соседи, без пријатели во светот. Со апсењето на новинарот пред некој ден не потсетија, бидејќи сега владеат истите луѓе, истите кадри на Груевски“, подвлече Пендаровски.

Посочувајќи на, според него, најголемиот проблем на државата – иселувањето на младите, Пендаровски рече дека младите ќе останат дома само ако двојно се зголеми животниот стандард, а тоа потенцираше тој, е можно само ако сме заедно со развиените западно-европски држави.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK