Ковачевски: Имаме визија и јасен план да ја внесеме Македонија во ЕУ

kovacevski-miting3-1.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Ние имаме визија за иднината, ние имаме волја, знаење, храброст, имаме план како да ја внесеме државата во ЕУ до 2030 година, заедно со нашиот претседател Стево Пендаровски – порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на денешниот граѓански собир на кандидатот за претседател, Стево Пендаровски.

„Тоа е почитувани и клучното прашање на овие избори. Кој има план за иднината, а кој нема никаков план? Кој е за членство во ЕУ а кој е проив ЕУ? Тоа е изборот пред граѓаните. Надеж за подобра европска иднина со СДСМ, соСтево Пендаровски или безнадежност и враќање назад со ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова. Тоа е јасно како ден“, рече Ковачевски.

„Ние покажавме храброст и државнички капацитет. Тие покажаа кукавичлук и неодоговорност кон најважаното – иднината на државата. Ние носевме одлуки за подобро утре за сите наши граѓани – тие блокираа. Иако беше многу тешко, успеавме да ги отпочнеме преговорите со ЕУ, успеавме да испреговараме рамка во која имаме заштитен македонски јазик, идентитет и култура“, посочи Ковачевски.

„Работевме во услови на најголема економска и енергетска криза. И како вистински социјалдемократи никого не оставивме сaм. Силно ги поддржавме граѓаните и компаниите во време на повеќе кризи со 2,6 милијарди евра. Ги зголемивме платите и пензиите на историски највисоко ниво досега. Но јас знам дека се уште е тешко. Но колку и да е тешко, ние имаме волја да работиме. Колку и да е тешко сепак постои начин, постои вистинска шанса за драстична и стуштинска промена“, беше дециден Ковачевски.

„Ние веќе покажавме дека кога ќе ветиме зголемување на платите и на пензиите, тоа и го правиме. Но потребна ни е европскиот стандард на живот за да им овозможиме на нашите деца и внуци да ги живеат своите соништа тука, во Македонија“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на денешниот граѓански собир на кандидатот за претседател, Стево Пендаровски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK