(Видео од лице место) Во сообраќајката кај Куманово еден од учесниците е српски пејач

Видео-од-лице-место-Во-сообраќајката-кај-Куманово-еден-од.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Во тешката сообраќајна несреќа што се случи ноќеска, а во која учествуваа две македонски и едно српско возило, во која настрада една жена, учествувал српскиот рокер и ќлен на жирито на „Звезде Гранда“ Ѓорѓе Давид.

Тој за српскиот печат изјави дека глетката била страшна, дека полицијата му направила алко-тест кој покажал дека нема алкохол во крвта, а дека во болница му ја зашиле повредената рака.

Давид за медиумите изјавил дека веднаш се видело оти тој нема вина за несреќата, туку дека наводно виновна е ѓената која возела и која во автомобилот била со мајка ѝ и која излегла од возилото. Тој ќе остане во македонија до завршувањето на законските постапки.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK