(Видео) Мицкоски: Се им се удри од глава и на крај се избојкотираа самите себеси, време е ДУИ да одат заедно со СДСМ во опозиција

mickoski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Успеавме, успеавме. Победи Македонија, историска победа на народот“, кажа вечерва на прес-конференција, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.


„Криминалот, корупцијата, неспособноста, тендерите, одземената држава, непотизмот и уште стотина други последици кои направија државата да страда, а народот да е резочаран. Вечерва конечно се поразени. Поразени се предавствата и поделбата. Тие стотина луѓе од ДУИ и СДСМ кои мислеа дека се господари на нашите животи, нив денеска ги боли главата, има и зошто, ќе одговараат до последниот. Секој кој направил криминал и спровел корупција, мора да има одговорност која што ќе се темели на правда и закони. Поразен е и бојкотот на ДУИ“, кажа Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека ова на нивната победа дава посебно задоволство.

„Народот покажа дека нема да дозволи поединци да создаваат кризи и преку институции да се штитат себеси, а ДУИ покажаа дека се најмалку партија која се грижи за Македонија и станаа силно криминализирана структура. Се им се удри од глава и на крај се избојкотираа самите себе си, време е да одат заедно со СДСМ во опозиција. Народот ја одржа најважната лекција кон власта и си ја спаси државата“, додаде Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK