(Видео) Манасиевски: Без гаранции нема уставни измени


manasievski-30.05.2026.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Промени на уставот за внесување на Бугарите, без гаранции од ЕУ во форма на заклучоци – нема да има, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.


„Сите се сеќаваме дека последните измени на уставот за промена на уставното име, ги направија Филипче и Заев, откако претходно беа убедувани дека тоа е последниот чекор на Македонија и утре дента ние влегуваме во ЕУ.

Да ја потсетиме јавноста дека СДС и ДУИ тогаш промовираа уставни измени за промена на името, за кои уверуваа дека следуваат бесплатно здравство, бесплатни вакцини, стипендии, но наместо отворање на поглавјата и преговори со ЕУ, ние добивме слика од владин авион.

Лековерноста на политичарите како Венко Филипче и Зоран Заев доведе да го промениме државното име и наместо влез во ЕУ, да добиеме вето од Холандија, Франција, а подоцна и од самата Бугарија.

Вчера Зоран Заев, денес Венко Филипче, ги лажат граѓаните дека Бугарите во Устав се рецептот за чекор кон ЕУ, односно за влез кон ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи волјата на граѓаните повторно да биде прегазена исто како во времето на СДС.

Уставни измени без гаранции нема да има“, истакна Манасиевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK