(Видео) Костовски: ДПМНЕ влезе во Влада со ДУИ, Мицкоски се што кажа излажа

Видео-Костовски-ДПМНЕ-влезе-во-Влада-со-ДУИ-Мицкоски-се.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„ДПМНЕ влезе во Влада со ДУИ. Се виде, се покажа, Христијан Мицкоски се што кажа излажа. Нели единствен услов му беше ДУИ да не биде дел од Владата? Нели велеше дека прифаќа се само Влада без ДУИ не прифаќа? Епа толку, пу пу не важи“, вели Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.


„ДПМНЕ седна во Влада со ДУИ. Министрите на ДПМНЕ му се поклонија на Талат Џафери.

Сега пишман аџијата Мицкоски нека им објасни на граѓаните, но и на неговите членови од ДПМНЕ зошто ги лажеше? Зошто ја проблематизираше техничката Влада?

Зошто ги бојкотираа своите кандидати за министри во македонското Собрание и не гласаа? Како сега одеднаш може во Влада со ДУИ?

Мицкоски едно зборува друго прави. Него не му се важни граѓаните туку фотелјите, власта, и ништо друго. На Христијан Мицкоски не може да му се верува“, соопшти Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK