Град Скопје: Советниците на Мицкоски гласаа против одлуката за набавка на модерни и нови еколошки автобуси

Град-Скопје-Советниците-на-Мицкоски-гласаа-против-одлуката-за-набавка.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Советниците на Мицкоски продолжуваат со блокадата на проектите кои се од интерес на граѓаните во Советот на Град Скопје. Денес советниците на Христијан Мицкоски во Советот на Град Скопје гласаа против одлуката за набавка на модерни и нови еколошки автобуси, велат од Град Скопје.

„Веројатно додека траеше седницата тие добија некоја нова порака со насока како да ги „зезнат“ граѓаните. Поради лични хирови на нивниот претседател, советниците казнуваат половина милиони жители на градот Скопје.

Се работи за срамна одлука на советниците на ДПМНЕ која доаѓа по директна партиска директива од раководството на партијата. Советниците на Мицкоски уште еднаш покажаа дека партиските и личните интереси ги ставаат пред интересите на граѓаните“, соопшти Град Скопје.

„Градската администрација нема да се откаже од модернизирањето на возниот парк на ЈСП Скопје затоа што тоа е приоритет кој произлегува од програмата која победи на изборите, програмата „За модерно Скопје“. Работиме на сериозни решенија на надминување на оваа блокада со цел остварување на јавниот интерес, интересот на скопјани“ се додава во соопштението на Град Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK