(Видео) Каевски: ДПМНЕ го заглавува издавањето пасоши и им отежнува на граѓаните

Видео-Каевски-ДПМНЕ-го-заглавува-издавањето-пасоши-и-им-отежнува.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Портпаролот на СДСМ Дарко Каевски оценува дека наместо решение, ДПМНЕ преку министерот во техничката Влада само ги компликува работите со личните документи и го заглавува издавањето пасоши.

„Иако Владата донесе одлука возачките и сообраќајните дозволи кои треба да се променат да бидат бесплатни, надлежното министерство касни со реализацијата.

Се уште има проблеми и со налепниците за регистарските таблички, МВР не ги доставува редовно и недостасуваат на станиците за технички преглед.

Погрешните одлуки, опструкциите на процесот и несоодветните чекори го блокираа и процесот на издавање пасоши“, додава Каевски.

Наместо да го зголеми капацитетот за сликање и вадење пасоши ДПМНЕ, вели тој, преку нивниот технчки министер го укина вадењето пасош без закажување.

Според Каевски драстично е намален бројот на граѓаните кои можат да се сликаат со што се пролонгира целиот процес со месеци.

„Тоа значи дека граѓаните со месеци нема да можат да добијат нов пасош. Законскиот рок за издавање пасош не се почитува.

ДПМНЕ, од Белиот дворец, со месеци тврдеа дека ќе го решеле проблемот со личните документи.

Се виде дека ДПМНЕ не може да испорача решение туку создава дополнителен хаос“, дециден е Каевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK