После 6 години голгота, победи правдата, рече Силвана Бонева откога судот ја ослободи од обвинението за патните трошоци

После-6-години-голгота-победи-правдата-рече-Силвана-Бонева-откога.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







После 6 години голгота, правдата победи! Вистината излезе на виделина. Вака експратеничката во Собранието, Силвана Бонева ја искоментира ослободителната пресуда за патните трошоци.

Основниот кривичен суд Скопје претходно донесе ослободителна пресуда за предметот „Друмарина“, каде Бонева беше обвинета од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО) за кривичното дело Измама во службата.

„Со 21 сведок и 7.179 докази, се срушија како кула од карти лагите и клеветите дека божем нешто сум злоупотребила, исто како што се сруши со години повторуваната лага дека сум била рекордер во земање на патни трошоци. Наместо Oбвинителството да го докаже обвинението дека сум поднесувала лажни фискални сметки, јас докажав дека Oбвинителството како докази против мене имаше подметнато туѓи фискални сметки од други лица, прикажувајќи ги како да се мои“, вели Бонева.

Понатаму додава дека го побила обвинението дека не патувала на седници од Струмица за Скопје и докажала дека патувала додека била пратеник во тој период, a Собранието и исплатило патни трошоци согласно закон, исто како и на другите пратеници.

Дополнително, вели Бонева, преку фотографиите постирани на „Фејсбук“ и сведоците, докажала дека не само што патувала на седници, туку и дека скоро на секои 2 дена во тој период патувала на свој трошок на средби со граѓани низ целата држава, иако за такви активности Собранието не исплаќало патни трошоци.

„Се потврди дека прогонот на СЈО беше чиста политичка пресметка, a обвинението против мене целосно неосновано и политички мотивирано. Му благодарам на Бога што ми даваше сила да го издржам оваа распетие! Им благодарам на сите вистински пријатели кои веруваа во мене и ми даваа сила да издржам! Се надевам дека конечно ќе почиваат во мир моите најмили, кои не го дочекаа овој ден!“, вели Бонева додавајќи дека Бог ќе им суди на сите кои со години измислувале и пишувале гадости за неа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK