(Видео) Гужва на Табановце, се чека најмалку половина час

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Утрово колони возила на граничниот премин Табановце. За излез од државата се чека најмалку половина час.



Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK