Велковски: 81 дете чека за упис во градинка во Неготино поради недостаток на кадар

hh-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Поради недостаток на лиценциран кадар во градинките, бројот на деца на листите за чекање се зголемува. Во  „Темјанушка“ во Општина Неготино, 81 деца чекаат на листата за чекање, вели техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски при денешната теренска посета на детската градинка „Фемо Кулаков- Неготино“.

„Во овој објект којшто 2021 година е отворен, имаме проблем со недостатокот на кадар односно дел од групите не се отворени. Потребен е кадар од 25 лица кои што заради неможноста да полагаат за лиценци бидејќи министерството за труд и социјална политика во изминатиот период не давало дозвола, за жал седат празни дел од просториите коишто треба да бидат наменети токму за дечињата коишто се на листата за чекање во Општина Неготино. Вкупниот број на дечиња кои што во овој момент чекаат на листите се 81“, истакнува министерот Велковски.

Велковски овој пат од Неготино, повторно укажа на сериозноста на проблемот со кој се соочуваат детските градинки не само во оваа општина, туку низ целата држава.

„Со давање на ваквите согласности за стручниот кадар ќе имаме можност токму да се отворат овие останати просторни услови и бројот на овие дечиња од листите на чекање буквално да биде на нула, дополнува тој.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK