Ведри и студени утра: преку денот сончево со максимална температура до 26 степени


esen1-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Утрото ќе биде ведро и постудено, а преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.


Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Времето во наредните денови

Под влијание на поле со висок воздушен притисок следува период на стабилно време. Утрата ќе бидат ведри и студени со ниски температури кои наместа ќе се спуштат под нула степени. Во текот на денот времето ќе биде сончево и релативно топло.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK