Ванковска: Нема да бидам политичка манекенка, која само ќе пропарадира и нема да успее

Ванковска-Нема-да-бидам-политичка-манекенка-која-само-ќе-пропарадира.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Мојата прва благодарност оди кон партијата Левица која ми ја даде довербата, и одговорноста ја споделуваме за своевиден заеднички настап на овие избори. Јас се чувствувам како дел од тимот иако не сум член на партијата, кажа денеска на прес-конференција, професорката Билјана Ванковска.

Таа истакна дека пред десет години се обидела како независен кандидат да влезе во оваа постапка, собирање 10 илјади потписи, без никаква поддршка, со волонтери.

Ванковска објасни зошто по десет години повторно излегува на овој политички терен.

„Размислував што е тоа што се промени, сфатив дека многу нешта се променија. Овој пат нема да бидам политичка манекенка, која само ќе пропарадира и нема да успее. Не сум случаен минувач во политиката. Овој пат сум навистина со многу поголема самодоверба. Сега постои еден тим. Она што мене лично ме доближува до нив се две нишки, патриотизмот преплетен со левата идеологија“, кажа Ванковска.

„За десет години Македонија е се што немаме, за десет години Македонија е во многу полоша ситуација од било што што можев јас да претпоставам во она време. Во фотофинишот оваа техничка влада која шверцерски сака да протури закони кои се погубни и за демократијата и за иднината на земјата“, додаде Ванковска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK