Локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер се очекуваат утре во земјава, најавија од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во среда се очекува, претежно во планинските региони, да има услови за појава на нестабилност.
Од четврток следува период на многу топло време. Во деновите од викендот дневната температура се очекува наместа да надмине 40 степени, соопшти УХМР.